rob1

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ

rob

НЕРОНСКИТЕ ФАНТАЗМИ НА „ПАСТИРОТ“

Интервју со Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Има ли груевизмот културна политика?

Слободна Македонија: Како ја оценуваш културната политика на Владата во последниве осум години, откако Елизабета Канческа Милевска (позната по прекарот „каса прими“) управува со Министерството за култура?

rob4

Роберт Алаѓозовски: Да се зборува за културна политика на Владата на Груевски е како да се анализираат вселенските летала во хиероглифите на Гиза (или беше Пиза?). Во таа смисла, преоптимистички е Канческа-Милевска да се нарече управител. Таа е присилен, или купен со општествена мобилност, потписник на сметката на Министерството. Слушнавме од „бомбите“ дека е нем извршител на хировите на Пастирот. Се обидува да му с’рже на Латас, а тој како признат куќен пријател ја тера во седум од дванаесет владини куртони. Така што единствена утеха и е да ја малтретира културната боранија. А и над неа нема автономија. Разни општински комесари и помалку или повеќе прикриени контролори и се мешаат во одлуките.

Но да ги погледнеме двата часовници на Паскота и да се обидеме да ја детектираме (ко германско злато) условната култура политика на Министерството.

свир2
колаж: Свирачиња

Првиот столб е дрвен, и се вика „да го одржиме статус квото на СДСМ, уназадувајќи го во сто партиски чекори“. Вистинскиот културен систем, реалниот, си стои како што и бил оставен во 2006, и таму ништо не е чепнато – институционалниот систем, системот на финансирање, администрирањето, годишната програма, меѓународната соработка. Само се додадени уште илјада ситни абоненти и неколку полковници што имаат карт бланш како оној јапонскиот самурај Исисака Исизема. Тој систем може да добие „ничим изазван“ триесет и пет кино-проектори или десет нови театарски згради, за некој од пештерите на Пела да ја лапне провизијата. Но, главно се распаѓа, како фреските на Перивлепта, подрумите на Музејот и кратовската стара архитектура.

Вториот столб е гипсен. Се прави по системот на жабата и   потковицата. Слушнале за креативни индустрии и сега се подготвени да го дадат црното од ноктите за развој на трендот.

Третиот е, се разбира, од бетонот што личи на мермер. Тоа е под директна контрола на Архипастирот и таму освен Ниче Македон друг не смее да бетонира, а само оној Жан ли беше, Луј ли беше, мора да проектира. Тој столб лапа 73% од буџетот за култура.

колаж: Свирачиња
колаж: Свирачиња

СЈО за “Скопје 2014”

Слободна Македонија: Најголемите вложувања на владата на Никола Груевски беа токму во културата, во тоталитаристичкиот проект „Скопје 2014“, за кој во моментов се потрошени над 634 милиони евра. Имате ли план како да се справите со тоталитарното културно наследство од проектот „Скопје 2014“, зад кој лично застана „пастирот“ како негов изумител, покровител, проектант, архитект, изведувач, фасадер, куратор, и што ли уште не?

Роберт Алаѓозовски: Јас лично би се придружил на Грчев, на Фрчко, на Архибригадата, и наспроти солзите на Ацо викан Рембрант и останатиот началников андерграунд, би го кршел со хебла, до конечно воспоставување на космичката рамнотежа и боженствената правда. Но, приоритет, по разорното владеење на груевизмот е да се изградат институциите и тие да зајакнат токму преку вакви процеси. Пример е Специјалното јавно обвинителство. Ние ќе направиме СЈО за Скопје 2014 и тоа ќе утврди што е таму реално инвестирано, колку закони и членови на Уставот се прекршени и што е пропишано по постојните закони за тој злостор. Тим од домашни и странски експерти ќе направаат евалуација и по квантитативни и по квалитативни параметри. И ќе донесат препораки.

rob2

Народот не пие нафта

Слободна Македонија: Сите згради, музеи, споменици, плоштади, фонтани… од „Скопје 2014“ се изградени во само една општина – Центар. Парадоксално, во истата општина каде што „пастирот“ на „Скопје 2014“ вложи најмногу пари, тој ја загуби довербата на гласачите, и покрај обидот за изборни измами и притисоци. Дали пораката е дека граѓаните не сакаат толку многу да се вложува во културни проекти, или е нешто сосема друго?

Роберт Алаѓозовски: Народот не пие нафта. Некој добива тендери за нафта, некој бонови за нафта. Но мнозинството граѓани не се од вчера. Ние бевме и сме еманципирано општество. Луѓето се школуваа во европската висока, секуларна, модерна и тие имаат и чувство и критериуми за убавото. Шведското еко-Скопје од раните деведесетти е идеал, незавршената по-земјотресна светска модерна, а не холивудските кулиси на пост-социјалистичките тајкуни од Јадранот до Баренговото море. Тоа еманципираните граѓани на Скопје од 8 до 108 години го видоа и рекоа – не!

rob3

Кичерајските шампити – неронски фантазми на пастирот

Слободна Македонија: Дали Министерството за култура треба да се занимава со обнова и конзервација на фасади? Дали Министерството за култура треба да се занимава со креирање на барокно или неокласицистичко „културно наследство“?

Роберт Алаѓозовски: Министерството за култура е заробено како кралот на Рохан, Теоден. Со него преку слабата Грима владее злиот Саруман. Наша цел е да го ослободиме Теоден од тендерите, каса-прими, проектната документација за 400.000 евра и тој да стане праведен покровител на современиот и реален културен живот. Да не останам непрецизен. Не се работи за обнова и конзервација на фасади туку за спротивното – за уништување на вредни фасади од времето на високата модерна и нивно претворање во кичерајски шампити. Невкусот од српските и руските гробишта, од земунските и киевските предградија станаа наш центарски кошмар. Цела влада и Министерството за култура е впрегнато во остварувањето на неронските фантазми на нашиот пастир. Наша заложба е тоа да се врати на состојбата од пред 2008.

rob5

Трансверзално и во културата

Слободна Македонија: Најголемиот љубител на барокот, неокласицизмот и восочните фигури си ги постави како свои културни директорчиња уметниците кои му водат партиски митинзи, кои организираат протести против опозицијата, или кои се истакнаа како ГДОМ-обрани во митската борба против соросоидите, петоколонашите и странските платеници кои сеуште веруваат дека земјата е тркалезна. Кого би поставиле на нивно место, ако би имале можност да раководите со Министерството за култура?

Роберт Алаѓозовски: Опозицијата и целата демократска јавност се заложи сериозно за принципите на меритократија, кариера, компетенции. Трансверзално и во културата. Секој што ќе се обиде да го изигра тоа ветување ќе биде краткотрајна будалетинка како Голам. Прстенот ќе биде фрлен во големата магма на прочистување од груевизмот, а гдомчињата и другите директорчиња ќе исчезнат како фантомската војска на мртвите. Односно, ќе си се вратат, се надевам, усрамени, на тоа кој за што учел или за што го бива: некој ќе пишува сентиментални мачо колумни, друг ќе води банални ток шоуа, трети ќе синхронизираат турски серии. Во културните институции и во културниот живот ќе дојде нова класа вредни, креативни, автономни и способни културњаци и културњачки. Нив Македонија ги има, тие се расфрлани и отфрлени од груевизмот, и нивното собирање е обична полковничка работа. Работејќи на соработнички проекти по Европа, а потоа и на едукација во културата, бев сведок како мојата генерација ги зазеде клучните места, а потоа дојде нов бран на помладите што ги подучував со „овие десет прсте“. Так нормално.

свир4

Голема енергија за промени

Слободна Македонија: ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма од 2014 година, најави 94 проекти од областа на културата. Колку од ветените проекти би ги сместиле во жанрот „грчка митологија“, а колку во жанрот „научна фантастика“?

Роберт Алаѓозовски: За жал, сите се во жанрот „како малиот Ѓокица го замислува проектот“. Тие не прават разлика меѓу програма, проект, активност, план, задачка, одржување. Се е проект за нив. Нивни проекти се украдените монети од Музејот на Македонија, поплавените подруми на ново-стариот театар, археолошкиот музеј без вентилација, лажното етно-село, бетонскиот амфитеатар во Скупи, банкротираниот филмски град во Битола. Многу штета направија, ама јас препознавам една голема енергија за промени кај опозициската и граѓанската јавност. Сето тоа ќе се поправи. Во културата Македонија ќе се соземе и ќе се дигне како Исланд.

rob1

Нормализирање на културата по антиквизацијата

Слободна Македонија: Има ли СДСМ програма за култура за наредните избори, или допрва ќе ја составува? Каква ќе биде културната понуда на СДСМ?

Роберт Алаѓозовски: Програмата на СДСМ е најзагадочната книга по Протоколот на сионските мудреци. Се разбира, само во пропагандата на Пастирот. СДСМ отсекогаш имала програма за култура. Во 1998 тоа резултираше со Законот за култура и Годишната програма. Тогаш беа организирани сеопфатни дебати во кои беше вклучена целата фела. Таа практика продолжи и во времето на Ганка СЦ. Продолжи и во времето на Баге. Само анонимната и инфериорна ЕКМ се вклопи во илибералноста на Пастирот. Лично ја критикував програмата на Борис Ноневски, и онаа на Гордан Георгиев во 2011. Се разбира, со сите недостатоци, тоа беа современи културни програми, споредени со „проектите на мали Ѓокица“. Денешната програма на СДСМ се надоврзува на програмата од 2011 и има петгодишен процес на надградување. Широка база, јавен консултативен процес, внатрешна дебата по сите прашања. Во суштина таа настојува повторно да обезбеди топла вода за Македонците (тука мислам на сите граѓани). Прв приоритет е да се нормализира културата по антиквизацијата, кичот и автократурата. Потоа да се реформира министерсттвото и институционалниот систем. Да се продлабочи децентрализацијата. Да се развие нова публика, да се врати дигнитеттот на авторите и фелата. Да се обезбедат услови за меѓународна соработка и да се поддржи независниот сектор. Да се следат трендовите на креативните индустрии и културниот туризам. Новата културна политика ќе му даде печат на новиот почеток за Македонија.

Слободна Македонија: Ви благодариме на интервјуто, и ние сме љубители на нови почетоци.

Check Also

zborot1

Питер Ванхауте

ШЕГА Е ДА СЕ ОДИ НА ИЗБОРИ СО НУЛА РЕФОРМИ Република Македонија – авторитарен режим …

One comment

  1. Не ме ј...

    Исклучително добар теоретски модел за прекрасен нов свет кој би го водел Роберт…
    Абе не ме ј…Паско е цар за овој

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *