robd

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА Е НЕМ ИЗВРШИТЕЛ НА ХИРОВИТЕ НА ПАСТИРОТ

rob4

Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вака ја оценува културната политика на Владата во последниве осум години, откако Елизабета Канческа Милевска управува со Министерството за култура:

Да се зборува за културна политика на Владата на Груевски е како да се анализираат вселенските летала во хиероглифите на Гиза (или беше Пиза?). Во таа смисла, преоптимистички е Канческа-Милевска да се нарече управител. Таа е присилен, или купен со општествена мобилност, потписник на сметката на Министерството. Слушнавме од „бомбите“ дека е нем извршител на хировите на Пастирот. Се обидува да му с’рже на Латас, а тој како признат куќен пријател ја тера во седум од дванаесет владини куртони. Така што единствена утеха и е да ја малтретира културната боранија. А и над неа нема автономија. Разни општински комесари и помалку или повеќе прикриени контролори и се мешаат во одлуките.

Но да ги погледнеме двата часовници на Паскота и да се обидеме да ја детектираме (ко германско злато) условната култура политика на Министерството.

Првиот столб е дрвен, и се вика „да го одржиме статус квото на СДСМ, уназадувајќи го во сто партиски чекори“. Вистинскиот културен систем, реалниот, си стои како што и бил оставен во 2006, и таму ништо не е чепнато – институционалниот систем, системот на финансирање, администрирањето, годишната програма, меѓународната соработка. Само се додадени уште илјада ситни абоненти и неколку полковници што имаат карт бланш како оној јапонскиот самурај Исисака Исизема. Тој систем може да добие „ничим изазван“ триесет и пет кино-проектори или десет нови театарски згради, за некој од пештерите на Пела да ја лапне провизијата. Но, главно се распаѓа, како фреските на Перивлепта, подрумите на Музејот и кратовската стара архитектура.

Вториот столб е гипсен. Се прави по системот на жабата и   потковицата. Слушнале за креативни индустрии и сега се подготвени да го дадат црното од ноктите за развој на трендот.

Третиот е, се разбира, од бетонот што личи на мермер. Тоа е под директна контрола на Архипастирот и таму освен Ниче Македон друг не смее да бетонира, а само оној Жан ли беше, Луј ли беше, мора да проектира. Тој столб лапа 73% од буџетот за култура.“

Повеќе во интервјуто за „Слободна Македонија“со Роберт Алаѓозовски, НЕРОНСКИТЕ ФАНТАЗМИ НА „ПАСТИРОТ“ .

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *