popis

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК: ПОТРЕБНА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН

popis

Издвојуваме неколку заклучоци од истражувањето Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Македонија? спроведено од НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ):

„Експертите и политичарите сметаат дека најдобриот модел за прочистување на избирачкиот список е задолжителното активно регистрирање на секој граѓанин, како и целосното теренско ажурирање на избирачкиот список. Како многу важен елемент кој го надополнува ажурирањето на избирачкиот список, испитаниците ја посочија верификацијата на идентитетот на гласачите на денот на изборите, бидејќи користењето туѓ 23 идентитет при гласањето беше честа појава во изминатите изборни циклуси.“

„Она што повеќето испитаници го потенцираат е дека избирачкиот список треба да биде инструмент во кој сите политички актери, но и граѓаните ќе имаат доверба и ќе бидат сигурни дека никој нема да може да го злоупотребува и да врши упад во него заради партиски интерес.“

„Експертите и политичарите сметаат дека Државната изборна комисија (ДИК) е институцијата која треба да биде надлежна за ажурирање и контролирање на избирачкиот список. Всушност, изворна надлежност на ДИК треба да бидат сите активности поврзани со креирање и ажурирање на избирачкиот список, како и сите активности поврзани со изборниот процес. Истовремено, ДИК мора да биде независна институција, односно целосно ослободена од секакви политички и партиски притисоци и влијанија, а неопходно е и зголемување и подобрување на нејзините човечки и технички капацитети.“

„Клучните препораки за обезбедување фер и демократски избори и добро ажурирање на избирачкиот список, на хрватски ГОНГ за Македонија се: транспарентност на увидот во избирачкиот список, лесна достапност на избирачкиот список и контрола од страна на јавноста и мешовитите комисии (здруженија, академска заедница, новинари и др.) и зајакнување на независните институции кои ќе имаат овластувања да дејствуваат во интерес на граѓаните и законите, а наспроти очекувањата и интересите на политичките партии. Во однос на ажурирањето на избирачкиот список, ГОНГ препорачува создавање единствена база на податоци на граѓаните во која се генерирани сите податоци. За ваков централен регистар на граѓани се залагаат и другите испитаници.“

„Бидејќи актуелната власт не успеа да го реализира пописот во 2011 година, најголем дел од испитаниците сметаат дека коалициските партнери не можат да ги надминат постојните проблеми и дека немаат кредибилитет да организираат и спроведат попис.“

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *