dolg140320162157

ТАКИ ФИТИ: ВМРО-ДПМНЕ НЕГИРА ДЕКА МАНУ Е ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА НАШАТА ДРЖАВНОСТ

Како што се зголемува бројот на критичари на ВМРО-ДПМНЕ, така се зголемува и бројот на лица кои се етикетираат како „соросоиди“ од страна на партијата и медиумите контролирани од неа.

Така, на листата „клонови“ на „СДСМ и соросовите здруженија“ неодамна се најде и МАНУ, откако Центарот за компјутерски науки при МАНУ го објави бројчаникот за јавниот долг, кој покажа дека долгот изнесува над 4,2 милијарди евра или 49,18 % од БДП.

dolg140320162157

Бројчаникот за јавниот долг беше веднаш повлечен, откако ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека „Последниот чин на МАНУ е партиски и политички, а не научен и се додека академијата не се огради од ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија.“

Во интервју за Дојче Веле, јавно реагираше претседателот на МАНУ академик Таки Фити, кој беше лично обвинет од ВМРО-ДПМНЕ дека е „целосно инфериорен во науката, анонимус во меѓународните научни кругови“ и дека ја претворил МАНУ „во невладина организација на Сорос и СДСМ“.

Претседателот на МАНУ изјави дека не го загрижуваат личните напади кон него, но дека особено го загрижува квалификацијата дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе ја смета МАНУ за клон на СДСМ и Сорос поради објавениот бројчаник за мерење на јавниот долг“:

„Очевидно, ВМРО-ДПМНЕ, на овој начин негира, дека МАНУ е еден од столбовите на нашата државност, симбол на нашиот идентитет, јазик, култура и на научниот и уметнички потенцијал со кој располага Република Македонија.“

Во истото интервју, претседателот на МАНУ истакнува дека „бруто надворешниот долг на земјата (овој го содржи и долгот на корпоративниот сектор) надмина 70% од БДП и според овој критериум земјата е високо задолжена“.

Хајката на провладините медиуми против „соросоидите“ продолжува, но од истата мистериозно е поштеден претседателот Ѓорге Иванов, поранешен член на управниот одбор на „Фондацијата отворено општество Македонија“.

 

 

Check Also

pravda

Кампања „Прав(д)а за сите“: Напаѓачите на ЛГБТИ луѓето да се изнесат пред суд!

Вчера, при одбележувањето на 17 мај, меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *