lumi

Знаеш ли гумена што е напад врз уметноста?

lumiБојата на шарената револуција била напад врз уметноста, и пази – слободниот театар, според љубителката на гумени работи Јелена Жугиќ.

Знаеш ли гумена што е напад врз уметноста? Тоа што некој ќе го поистоветува твоето име со театарот. Напад врз уметноста е тоа што ти си поставена за директорка на уметничка институција. А Брехт (кој што се надевам си го учела на факултет) вели дека театарот не е само огледало на реалноста, туку и чекан со кој што таа треба да се обликува. Твојата актерска игра поведена од твојата неталентираност, политичка и уметничка неписменост и животни фрустрации – репродуцира само банални работи. Ти си веќе потрошена и немаш ништо што да понудиш на публиката. А не сум ни сигурен дека некогаш си имала.

Велиш дека бојата исто така била напад врз плејадата актерски имиња кои што допринеле за театарот. Па тие се секојдневно на улица, тие се тие што ја фрлаат бојата. Затоа што се свесни дека еден уметник кога ќе престане да бара повеќе слобода и секогаш да бара подобра и попрогресивна иднина, тој престанува да е уметник, колку и да е талентиран. Твоето име на идните генерации актери ќе послужи да научат какви не смеат да бидат.

Со тебе се согласуваме само во една полу-реченица. Дека уметноста е вечна. Да, вечна е. Таа е тука на улиците и си се живее себеси.

И уметноста ќе те надмине тебе. Ќе има правда, ќе има мир и ќе има уметност!

П.С. Инаку монструозни ти се лајковите на коментарите на твојот пост каде што малоумници повикуваат на насилство, посакуваат смрт и тортура на луѓе.

Луми Бекири

Check Also

katica

Мирјана Најчевска: Катица била паметна – Катица била глупа

Катица била паметна – Катица била глупа. Катица имала Академија – Катица немала Академија. Катица …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *