sud1

Давидовиќ: Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта

Zvonko Davidovikj
Скопје, 26 мај, 2016 – 13:23 (META) 

Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да го снимаат рочиштето од случајот „Фабрика за афери“.

Давидовиќ вели дека припадник на МВР не смее да внесе ни оружје во судот, а камоли камера и да снима.

– Се знае кој издава дозвола за снимање во судница, тоа е Врховниот суд, а се однесува на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Припадници на МВР нема што да бараат во судница, а камоли да снимаат. За спроведвањето и обезбедувањето на обвинетите е задолжена затворската и судската полиција, кои се под надлежност на Министерството за правда, а не под МВР. Ова е скандалозно. Службеници на МВР може по барање на судот да го обезбедуваат објектот надвор, но никако внатре. Никој не може да даде дозвола на МВР да влезе и да снима во судница, ниту претседателот на судот, никој – вели Давидовиќ.

Адвокатот потенцира дека судските рочишта, според актуелниот Закон за кривична постапка, може тонски да се снимаат доколку за тоа има технички услови, инаку се водат стенограмски белешки.

Тој, додава дека ова особено иритира во ситуација кога припадници на МВР ги снимаат демонстрантите, снимките потоа ги користат како доказ што е незаконски.

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките.

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *