jugos

NO PASARAN!

jugos
Колеги театарџии, уметници од сите области, браќа соборци, припадници на ‪#‎ШаренаРеволуција‬, сите слободољубиви и правдољубиви луѓе на Македонија, сите чесни и солидарни луѓе со било каква партиска определба – Ова едноставно не смее да им помине!!!
Сотир Трајков во однос на сите други новинари и критичари од областа на културата во Македонските медиуми е едноставно бренд, врв, е квалитет плус, е над сите останати – продадени и/или ново-испилени новинарчиња…
Па што е ова луѓе!?
Зарем се што е најквалитетно и најслободоумно во својата област во оваа тиранска земја, земја на неспособни и неуки партиско-книшкаши, треба да се истисне, да се острани, да се испади од својата професија, од просторот во кој најдобро знае да делува!
“Телма“ до денес ве сметав за ретко чесна, неутрална и објективна телевизија…. До денес, и ни секунда повеќе!!!
“Телма“ разберете го ова мое писание како сериозна закана!!! Ако Сотир Трајков биде избркан од “Телма“ телевизија, и со тоа македонскиот етер остане осакатен и осиромашен за битен сегмен од општеството а тоа е КУЛТУРАТА! Јас, Југослав Петровски, драмски писател, режисер, колумнист и граѓансаки активист, од денес па за секогаш, нема да дадам ниту една изјава за вашата телевизија. И воедно, од денес, поради овој крајно некоректен, политички мотивиран, и пред се, непрофесионален и неоправдан чин во квалитативна смисла, јас Телма телевизија ја ставам во друштво на медиуми од типот на Шител, Анал 5, Алфа и слични диктаторски мегафони и збирштини на дворски шутови на Царот Николај (кои ете, се до денес, малку подобро се преправале од останатите )!!! 

И! На слична иницијатива ги повикувам, пред се сите мои колеги театарџии, потоа сите пријатели и непријатели уметници, сите соборци и истомисленици од областа на културата, и сите чесни и правдољубиви луѓе во овој „концентрационен логор“ од земја, дури и сите луѓе на кои културата им е битна а се припадници на било која партиска идеологија, ги повикувам на целосен бојкот на Телма телевизија и недвојбена солидарност со нашиот брат, соборец, колега, истомисленик, и голем ТВ – новинар од областа на културата – Сотир Трајков!
Тој е нашето семејство! Нему срцето му бие во ритамот на ‪#‎ШаренатаРеволуција‬!!!
Соборци – не смееме да го дозволиме ова!

П.С.
Еве ги “гумените куршуми“ на Жугичка, почнаа да пукаат!
Не знам како, ама ова смрди, ова б‘зди, на масло, на валканица, на Протуѓер и Чавков!
А убаво им реков, а толку бев културен и сериозен кога вчера им порачав – “Не ми чепкајте во луѓето од #ШаренатаРеволуција! Не ми чепкајте во семејството! Оти не ви простувам! Ќе ви го помнам ова!
И уште еднаш повторувам: Поради Сотир, поради уметноста и културата, поради сите нас – ова не смее да ви помине!

NO PASARAN!!!

Check Also

lina

Човекот од Македонија во 21-иот век

Колку треба човек да биде стиснат, неслободен и понижен за да може мирно и сталожено …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *