catalime

Поставувањето на Чавков за министер за внатрешни работи е насилно рушење на уставниот поредок

Експертката за човекови права Мирјана Најчевска уште еднаш предупреди дека актуелниот министер за внатрешни работи е незаконски поставен и дека со неговото поставување е прекршен не само законот туку и Уставот на Република Македонија: „Самото негово поставување претставува насилно рушење на уставниот поредок. Секоја негова наредба е противзаконска и противуставна.“

Според Најчевска, „Секој полицаец кој ги извршува незаконските наредби на криминалната власт станува соучесник и ист таков криминалец“, па затоа таа им порачува на полицајците – „Време е да се определите. После нема враќање.“

Уранија Пировска, по вчерашното апсење на демонстранти по маршот „Хорхе, ти си срам за Македонија“ на својот фејбук профил напиша: „Пред полициска станица Пролет. Злосторничкото здружение продолжува со пресијата врз протестантите! НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!“.

catalime

Во минатата седмица повеќе демонстранти се пожалија дека по протестите во Скопје биле легитимирани од страна на неуниформирани припадници на „Алфи“, наводно заради „рутинска контрола“.

Пратеникот Стефан Богоев од СДСМ, кој бил очевидец на вчерашното приведување, тврди дека „режимот на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивно во пад и дека е во голема паника“: „По завршувањето забележав дека човекот којшто беше возач на возилото, пикап-от, популарниот пик-ап на Шарената револуција, беше застанат од полицијата… На возачот воопшто не му беше покажан никаков налог, немаше никакво објаснување зошто е приведен, односно повикан на разговор во полиција.“

По вчерашното приведување реагираше и „Левица“ со фејсбук статус: „Режимот покажува заби! Нема да им помине!!!“ Левица упати и меѓународен повик за потпишување писмо на поддршка со кое се бара ослободување на Здравко Савески и Владимир Куноски и прекинување на понатамошните кривични и прекршочни пријави против демонстрантите. Во Писмото на поддршка – Ослободете ги Здравко и Владимир!, се укажува дека „Здравко Савески и Владимир Куновски, членови на Левица, се во куќен притвор веќе повеќе од 30 дена за нивното учество на протестите против авторитарниот и корумпиран режим во Македонија“ и дека „куќниот притвор неодамна беше продолжен за дополнителни 30 дена и тие се соочуваат со казна затвор и значителни финансиски казни“.

Според „Левица“, „Република Македонија во моментов се соочува со целосно укинување на демократијата“, а „властите незаконски следат, идентификуваат и документираат активисти по протестите и повикуваат луѓе што протестираат на информативни разговори“.

Check Also

s8

Шилегов: Ќе го поддржиме целосното обновување на Кино Култура

Во поранешното Кино „Култура“, кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов укажа дека со поддршка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *