Zoran-Bozinovski-520x3081

МФН: Единствена причина за апсење на Божиновски е да се спречи понатамошно објавување на нови стории

Zoran-Bozinovski-520x3081

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести дека Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 Јуни  во францускиот град Ангерс, усвоил ургентна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски:

„Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци со цел да се наруши нивната доверба во јавноста, се вели во резолуцијата.“

Светскиот конгрес на МФН го обврзал новиот претседател, белгискиот новинар, Филип Лерут, ургентно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски:

„Правото на новинарите да ги истражат и пишуваат нивните приказни е основно начело на новинарството, кое е гарантирано со европските и светски стандарди и македонскиот устав“, се истакнува во резолуцијата.

МФН изразува целосна поддршка на новинарот Божиновски и на напорите на ЗНМ за заштита на слободата на медиумите и на правата на новинарите.

Претставниците на новинарите од целиот свет потврдуваат дека Божиновски во претходниот период објавувал текстови засновани на факти и документи, кои сведочат за вмешувањето на владини претставници во криминални активности:

„Ние веруваме дека единствена причина за апсење на Божиновски е да се спречи понатамошно објавување на нови стории“, се констатира во резолуцијата.

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *