vasko1

Му посакувам на Грујо да се чувствува како мене

vasko1

До следните избори му посакувам на Грујо да се чувствува како мене кога се враќав дома по протестите кога специјалци тепаа по улици и имав три вечери по ред нервни сломови. Да му биде исто тешко како мене што ми беше кога дознав дека син ми прашувал: дали ќе го уапсат тато? Му посакувам од немоќ да му се стутка душата во топче, како мене што ми беше кога неброен број пати ме гмечеа полициски штитови и ме клоцаа цокулите на желките. Да се осети изгубен како јас на Петти Мај кога останав без телефон и не знаев каде ми се соборците, кој е уапсен, кој е истепан. Да се обѕрнува зад себе како јас што правев враќајќи се доцна вечер дома, да не го чека некој со хебла, како нас што ни пушташе тепачи. На крај му посакувам да сфати дека го победивме зошто имаме срце и желба за слобода какви што тој и неговите силници никогаш нема да имаат.

Васко Лазаревски (фејбук статус)

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *