parn

СДСМ: Бараме да се намали цената на парното за 30 проценти!

parn

СДСМ предупредува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нанесува огромни штети со тоа што дозволува над 60.000 домаќинства приклучени на топлификационите системи на ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ АД да плаќаат повисоки сметки за 30 проценти, и тоа во услови на огромна сиромаштија во Македонија.

СДСМ смета дека овие потрошувачи плаќаат повисоки сметки за греење од реалните за околу 30 отсто, затоа што уште лани во август беше намалена цената на природниот гас во регионот за 30 отсто.

СДСМ укажува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните.

„Регулаторната комисија за енергетика, слично како што за струјата дозволи на власта на Груевски преку енергетските компании да влече пари од сметките на граѓаните, иако беше падната цената на регионалните берзи, тоа веќе цела година го прави и за потрошувачите на “Топлификација““, стои во соопштението на СДСМ.

СДСМ ја обвинува РКЕ  „чиј прв човек е од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово“, дека „богати поединци од фамилијата на власт, наместо да ги штити интересите на граѓаните“.

Check Also

pravda

Кампања „Прав(д)а за сите“: Напаѓачите на ЛГБТИ луѓето да се изнесат пред суд!

Вчера, при одбележувањето на 17 мај, меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *