isis

Здружението на терористи од ИСИС јавно му се заблагодари на претседателот Иванов (пара вести)

isis

Здружението на повратници од ИСИС јавно му се заблагодари на претседателот Иванов откако преку медиумите ги предупреди дека биле постојано следени како потенцијални терористи и дека немало доволно докази за да бидат уапсени.
„Нашето срце е со Иванов, исто како што срцето на Иванов е со Ердоган. Од сесрце му благодариме на Иванов што не предупреди дека сме следени, за навреме да преземеме мерки на претпазливост“ – пишува во комуникето на Здружението на повратници од ИСИС.
Од кабинетот на претседателот Иванов не сакаа да коментираат за благодарноста на ИСИС. Рекоа дека Иванов бил претпразнично зафатен со помилувања на затвореници осудени за разбојништва, држење на заложници и ограбување на банки.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *