ademi

Илинден: И слобода и живот

Неколку дена ми требаа да ги средам впечатоците од прославата на 2 август во Крушево каде што бев дел од партиската делегација на СДСМ за чествување на 2 август- Денот на Републиката.

Во Крушево пристигнав ден порано, на 1 август, попладнето. Прво што ми падна во очи низ градот беше огромното присуство на некакви си луѓе со црни маици на кои го имаше ликот на Тодор Александров, и личеа на пара-милитарна организација.

Крушевчани, беа поддеднакво изненадени од нивното присуство во Крушево. “Го уништија празникот” , ми вели еден повозрасен жител, кој не памти ваков башибозлук низ градот. “На што личи ова? Види им ги фаците, криминалец, до криминалец,” додава еден друг жител на Крушево.

Со една прошетка низ градот, човек може да заклучи дека за овие десет години власт на ВМРО-ДПМНЕ празникот на Републиката, првиот Илинден од манифест за еднаквост и слобода, го претворија во марш предводен од ‘пара-милитарна организација’. И токму тие луѓе во црни маици присутни во Крушево, на 2 август, на Мечкин камен беа дел од делегацијата на техничкиот Премиер Емил Димитриев.

А пораките? Пораките, кои се пратија на Илинден се една друга приказна. Имавме два вида на пораки, оние на техничкиот Премиер Димитриев, на т.н. Претседател на РМ Иванов и на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Првите беа полни со омраза кон опозицијата и кон сите други граѓани кои поинаку размислуваат. Пораки кои обилуваа со поделби, крв, куршуми, предавници, и што уште не, и без еден збор да се споменат оние кои ја создадоа Првата Република-Крушевската.

Втората, онаа на Зоран Заев која повика на изградба на Републиката, и лажната поделба која оваа власт 10 години ја наметнува како принцип на живеење.

“Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба, и во минатото и денес, постоел и постои само еден идеал, слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани”, е пораката која ја дефинира иднината на Република Македонија.

Ако во 1903 паролата беше ‘Слобода или Смрт’, денес во 2016, пораката е и токму овој идеал го најавува раѓањето на Четвртиот Илинден. Раѓањето на Четвртата Република.

Едмонд Адеми

Check Also

lina

Човекот од Македонија во 21-иот век

Колку треба човек да биде стиснат, неслободен и понижен за да може мирно и сталожено …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *