ohr

Охрид – шампион во иселување: Гостите го полнат, домаќините заминуваат!

Охрид Свети Јован Канео
Охрид, 14 август, 2016 – 11:27 (META) 

Според официјалната статистика на Државниот завод, Охрид, со години, е шампион во иселувањето од земјата.

Звучи неверојатно, но егзактен е показателот дека од вкупно 767 граѓани кои лани ја напуштиле Македонија, скоро половина се од туристичкиот бисер Охрид, градот кој, додека гостите го полнат, домаќините заминуваат!

Во истиот период од странство во земјава се вратиле само 259 државјани на Македонија.

Последниве 11 години од Охрид заминале 7.860 лица, или, по двајца секој ден.

По години, неславно рекордна е 2012 година, кога заминале 983 лица.

Како најатрактивни дестинации за иселување се Америка, Австралија, Нов Зеланд, Германија, Италија, Швајцарија, Бергија, Данска.

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *