popgal41

Кои земји испратија помош за справување со поплавата?

Според Извештајот за активностите на Системот за управување со кризи, на Дирекцијата за заштита и спасување преку механизмот за заштита и спасување заклучно со 12.08.2016 година е понудена и прифатена следната помош (опрема):

Австрија

  • 300 семејни сетови за хигиена (1сет опслужува 5 члено семејство за месец дена)

  • 10 пумпи за вода/кал

  • 3 генератори 14 kVA

  • 10 рачни пили

  • 200 ќебиња

  • 500 вреќи за спиење

  • 500 полски кревети

Чешка

  • 47 пумпи за кал 1600 l/min

  • 3 генератори 7,2 kVA

  • 5 генератори 5,6 kVA

Унгарија

  • 200 ќебиња

  • 250 вреќи за спиење

  • 250 полски кревети

  • 800 лопати

  • 1000 гумени чизми

  • 5000 пешкири

  • 1400 заштитни ракавици

Грција

  • 5 мобилни пумпи за вода 800 l/min

  • 5 генератори 10 KVA

Словачка

  • 6 пумпи за кал

  • 300 хигиенски сетови-индивидуални

  • 600 л. Средство за дезинфекција

  • 50 лопати

  • 1000 пешкири

  • 2000 кабаници за дожд

  • 336 ќебиња

  • 300 вреќи за спиење

  • 80 полски кревети

  • 10 шатори

Бугарија

  • 3 генератори 6.5 KVA

  • 11 пумпи

  • Средство за дезинфекција 504 кг

  • 64 шатори

  • 200 полски кревети

  • 300 заштитни ракавици

  • 4500 кабаници

  • 305 гумени чизми

  • 10 јажиња

  • 50 продолжни кабли

  • 8 кабли 2/4 KW

  • 709 лопати

  • 110 кофи

  • 25 гребла

  • 30 колички

Министерството за надворешни работи покрај најавената хуманитарна помош и опрема до другите државни институции, добило ноти за известување за спроведени донации од странски држави и тоа:
„Италија (200.000 евра донација за Црвен крст на РМ преку Меѓународен Црвен крст).
Црна Гора – Дополнителна донација од 100.000 евра во финансиски средства кои ќе се уплатат на сметката на НБРМ.
САД – најавена донација во средства за ДДД преку Министерство за здравство и најавена донација од 30.000 долари за купување производи преку Министерството за надворешни работи.
Албанија – 100.000 евра донација за санирање на последиците во делови од земјата кои се најпогодени од силното невреме.
ОБСЕ – одобри 20.000 евра донација од хуманитарниот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените заедници од поплавите во Скопје и Тетово. Помошта, неопходните алатки и материјали, ќе биде доставена преку Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата веќе додели генератори за струја и рачни светилки и организира работни тимови на волонтери од својот персонал да помагаат во отстранување на остатоците и калта. Волонтерскиот „Блосом Фонд“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје исто така донираше 1.500 евра.
Техничка поддршка за чистење улици и домаќинства, пумпи со висок притисок за испумпување тиња и противпожарни возила ќе прати Босна и Херцеговина во Скопје, по поплавите кои пред неколку дена го зафатија главниот град на Македонија.
УНДП, Светска Банка и ЕУ – Најавена подготовка на Thorough Post Needs Assessment Report заедно со ЕК и СБ (во рок од 30 дена), за што веќе Република Македонија преку Министерство за финансии испрати и официјално барање. Воедно, најавија и достава на итна финансиска помош на Црвен крст на Република Македонија.
Светска банка – Понудена соработка за финансирање на инфраструктура и превенирање на штетите на долг рок. Фокус на активности на среден и долг рок. Може да се мобилизираат средства од грантови и да се пренаменат некои кредитни линии за реконструкција и финансирање на инфраструктурата.
Бугарија – Испратени 14 пожарникарски бригади. До Министерство за здравство понудена помош за: прием на пациенти и лекување во болници во Бугарија, праќање медицински тимови, а најавена и директна финансиска помош од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Австрија – Понудена помош од 500.000 евра. Се уште не е дефинирано дали тоа ќе биде директна финансиска помош, проследена со дополнителна помош во производи или вкупна вредност на сите видови помош.
Чешка – Најавена донација од 60.000 евра.“

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *