lidijadim

Лидија Димковска: Поканата од СВП е „апсурд над апсурдите“ и затоа не ја прифаќам

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА:

До
Г-ѓа Лидија Димковска
П О К А Н А
Почитувана г-ѓа Лидија Димковска,
Од името на Управниот одбор и Дирекцијата на СВП ни претставува особена чест и задоволство како почесен гостин да Ве поканиме да бидете учесник на 55-те Струшки вечери на поезијата, кои ќе се одржат од 24-29 август 2016 година во Струга.
Фестивалот обезбедува сместување во хотел со пансион од 24 август (пријавување во хотелот) до 28 aвгуст (одјавување од хотелот 29 август најдоцна до 12 часот).
Во прилог на оваа покана Ви ја испраќаме деталната програма за овогодишното издание на фестивалот.
Управниот одбор на фестивалот и Дирекцијата веруваат дека Вашето присуство на фестивалот ќе придонесе за успешноста на овој значаен собир на поети од целиот свет и искрено се надеваме дека ќе ја прифатите оваа покана.
Ќе бидеме благодарни ако Вашето присуство го потврдите веднаш по примањето на оваа покана.
Со почит,
Претседател на УО на НУМ СВП Директор на НУМ СВП
Славе Ѓорѓо Димоски Мите Стефоски

ОДГОВОР:

Почитувани,
Ви благодарам на поканата за почесен гостин – учесник на 55-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Иако во поканата пишува дека верувате оти моето присуство на Фестивалот ќе придонесе за успешноста на овој значаен собир на поети од целиот свет и искрено се надевате дека ќе ја прифатам, би сакала да Ве известам дека со оглед на околностите во кои ја добив Вашата покана (оставката на проф. Елизабета Шелева од Жири-комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ токму поради мојата поетска книга „Црно на бело“), сметам дека поканата од Ваша страна е апсурд над апсурдите и затоа НЕ ЈА ПРИФАЌАМ.
Ви посакувам успешен Фестивал и помалку тајни и/ли јавни манипулации со кои сами, како организатори, го уривате угледот на Струшките вечери на поезијата.

Срдечно,
Лидија Димковска

Љубљана, 17.8.2016

Фејсбук статус на Лидија Димковска

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *