barok1

Барокните фасади од неколку милиони евра ќе бидат донирани во Стајковци, Синѓелиќ и Арачиново (пара вести)

barok1

Градските власти изнајдоа „соломонско решение“ откако илјадници граѓани се побунија против трошењето на милиони евра во нови барокни фасади.

Наместо да ги рефасадираат зградите во Центар, каде што веќе се потрошија милијарда евра во луксузни згради, споменици, фонтани, гомноскоци, галии и панорамско тркало, градот Скопје одлучи да ги рефасадира во барок куќите што беа зафатени од поплавата во Стајковци, Синѓелиќ и Арачиново

Според објавениот проект, предвидено е пред поплавените куќи да се постават барокни столбови од стиропор, скулптури на домаќин, на жетварка, скулптура на полјак, глава на лав, ѕевгар волови, скулптура во вид на рало, како и скулптури со цветни мотиви.

На фасадите ќе има и столбови, и релјефи со различни мотиви од македонскиот селски живот. Фасадите ќе се работат по замисла на Никола Груевски, кој е еден од најзастапените автори во „Скопје 2014“ и е потписник на изгледот на десетина згради и стилски фасади.

За годинава, официјално, во буџетот на Град Скопје во ставката за реконструкција на фасади има наменето околу 5,7 милиони евра. По зачестените обвинувања од опозицијата дека градоначалникот расипнички го троши градскиот буџет за непродуктивни проекти, како на пример за фасадите, Коце Трајановски одговори:

„Најголем дел од средствата за фасади се добиени наменски од Министерството за култура, а дел од парите ќе ги дава Владата од специјалниот фонд за помош на настраданите од поплавите“.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *