emili

Вардарско езеро

Ние навистина не смееме ова веќе да им го дозволуваме! Потемкиновците продолжуваат да ништат се пред себе што потсетува на минатото, историјата на оваа земја. И тоа само од
предната страна , од лицето. А опачината,читај газот,им е валкан! Ги газат сите архитектонски, авторски дела, затоа што нивните режимски архитекти немаат име, немаат минато и немаат иднина. Не знаат. Толку им сече. Знаат само да работат според однапред нацртан проект. Оној нивниот финансиер,но од наши пари, што го сонил, што го замислил горе на Бихаќка во еден од трите станови на мајка му. Оти сакаат да направат Груевград. Да се врежат во историјата на оваа земја. Уште не сфаќаат дека тие се веќе врежани, но по злосторничко здружување против се што не личи на нив, против нас и овој град,кој ,замислете , по земјотресот од пепелта го воздигнаа- комунистите и Тито. И тоа со помош на целиот свет, кој одговори на повикот со масовна солидарност. И сега тоа пречи. Дека не е тој во генералската униформа на Маршалот.

Велат, и мост ќе градел. Пешачки, уште еден, таму кај Дрводекор. Така нему му изгледало поубаво скопјево двеилјадиичетрнаесто! Непрокопсано. И тркалото ќе се врти ,за да го гледаат одозгора. И тоа среде езеро, Вардарско езеро. Велат, и костимите на послушните глумци, кои му благодареа, нему, што ги направил луѓе, секој ден пливале во вардарските води, помешани со комунистичките канализациски . Велат и Археолошките реплики се капат во дождовници, а на уставните им прокапува покривот. Велат, и богатството на Државниот архив го испопикале по барокните тавани и подруми, оти, нели, многу им значела македонската историја. Велат! Но, ние ништо со сигурност не знаеме, затоа што, за нас, обичните, најобичните смртници таму е забранет пристапот. И знам кога ќе го видиме сето ова строго доверливо богатство, од наши пари создадено. Тогаш кога ќе почне да учи да плива. Тогаш пак ли, ударнички, селфиевски, ќе ги вадиме од Вардарското езеро?! Зарем и ова ќе им го дозволиме?!

И ете, уште мастилото се не беше исушило, велат, не сум била во право, уште една од комунистичките згради посакала нова руба, барокна. Па да не била покуса и таа побарала фустанот со тантели со цветна текстура,мажи и жени скаменти, глави лавовски и нешто од лабуда, со милионски суми, наши пари да ги платиме. Велат….

Емилија Лазаревска

Check Also

katica

Мирјана Најчевска: Катица била паметна – Катица била глупа

Катица била паметна – Катица била глупа. Катица имала Академија – Катица немала Академија. Катица …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *