roman1

Мистерија: Која река ги поплавуваше Камник и Синѓелиќ ден по катастрофата?

Градоначалникот на Скопје по вчерашната посета на Смиљковското и Стајковското езеро ги прогласи за шпекулации тврдењата на дел од жителите на „Камник“ кои на 07.08.2016 за „Слободна Македонија“ изјавија дека дел од водата што ги поплавува доаѓа од тие езера.

Меѓутоа, од видеото снимено во попладневните часови ден по катастрофалната поплава, јасно се гледа дека обилна вода го поплавуваше „Камник“ од излеаниот канал на крајот на улицата „Роман Каскалиевиќ“, која е најблиску до Стајковското езеро. (1.48)

Исто така, од видеото јасно се гледа дека обилната вода не доаѓа од правец на обиколницата, од каде што поројниот бран донел десетици возила и луѓе претходната вечер (неколкумина од нив биле спасени од жителите на улицата „Роман Каскалиевиќ“.

roman

Несомнено е дека на 06.08.2016 поројниот бран доаѓал од обиколницата, но исто толку несомнено е дека водата што ги поплавуваше „Камник“ и Синѓелиќ на 07.08.2016 доаѓа од правец на Стајковското езеро.

roman2

Ако е вистинито тврдењето на Коце Трајановски дека „водата од Стајковското езеро не е излеана“, тогаш командантот на кризниот штаб на Скопје им должи одговор на жителите на Камник и Синѓелиќ: Која река ја поплавуваше улицата „Роман Каскалиевиќ“ (која е најблиску до Стајковското езеро) ден по катастрофата?roman1

 

Check Also

dupka

Хром: Проблеми со канализација, водата, струјата

Жителите на Хром се жалат на проблеми со канализацијата која поради слабиот капацитет истекува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *