kocest

Зошто Коце Трајановски манипулира дека немало излевање на Стајковско езеро?

Дури дванаесет дена по катастрофалната поплава градоначалникот на Скопје Коце Трајаноски го посети Стајковското езеро и ги демантираше тврдењата на околните жители дека езерото било излеано.

„Слободна Македонија“ во неколку наврати објави видеа со изјави на жители дека водата што ги поплавуваше „Камник“ и Синѓелиќ на 07.08.2016 доаѓа од правец на Стајковското езеро. (Мистерија: Која река ги поплавуваше Камник и Синѓелиќ ден по катастрофата?)

roman2

Наспроти обидот за манипулација на Коце Трајановски дека Стајковско езеро не се излеало, затоа што браната не попуштила, сателитските снимки од „Коперник“, кои се направени на четири дена по поплавата (на 10.08.2016), посочуваат излевање на езерото токму во правец на Камник и Синѓелиќ.

spoj3
Монтажа од снимки од „Коперник“: Состојбата од 10.08.2016 и претходно

Зошто градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој е и командант на кризниот штаб на Скопје, се обиде вчера да ја манипулира јавноста дека немало излевање на Стајковското езеро?

 

 

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …