skand

Скандал на неделата: Мерките на ВМРО-ДПМНЕ за помош на погодените од поплавата

Наспроти опозицијата која предложи градот Скопје да издвои конкретна парична помош од 1.500 евра за погодено домаќинство од поплавата, ВМРО-ДПМНЕ предложи три мерки:

Првата мерка – околу 2.5 милиони евра за реконструкција и санација на улиците – е скандалозна. Градот Скопје на прво место ги стави улиците, наместо граѓаните кои имаат итна потреба за парична помош за да создадат минимални услови за живот во своите поплавени домови.

Втората мерка – ослободување од обврската за плаќање на расчистениот отпад од поплавата – е уште поскандалозна. Градот Скопје, кој ниту изгради ефикасен систем за заштита од поплави, ниту навремено ги предупреди граѓаните за можните последици од невремето, сега во улога на „доброчинител“ ги ослободува граѓаните од обврската за плаќање на расчистениот отпад?! И, сега, поплавените граѓани треба да бидат среќни и да му се заблагодарат на Коце Трајановски што не им испратил сметки за плаќање на расчистувањето на отпадот кој се закануваше да предизвика здравствена катастрофа за целиот град? Оваа мерка е невидено потценување на здравиот разум и поигрување со трпението на илјадници поплавени граѓани кои сеуште немаат обезбедено минимални услови за да можат да се вратат во своите домови.

Жители од поплавените подрачја се жалат на нечиста вода на социјалните мрежи

Третата мерка за ослободување од обврската за плаќање на вода и собирање на комунален смет за само три месеци е најблаго речено –  трагична. Три седмици по поплавата сеуште има неисчистени дворови полни со кал и улици полни со смет, а граѓаните на дел од поплавените подрачја не добиваат чиста вода од градот. Во вакви услови, крајно цинично е фалењето на ВМРО-ДПМНЕ дека ги ослободува поплавените од обврската да плаќаат за нечистата вода и несобраниот смет, и тоа само за три месеци!

Жители од поплавените подрачја се жалат на нечиста вода на социјалните мрежи

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *