bit1

Битката на паланката и градот

Image result for Широк сокак

Како никогаш досега, деновиве ја гледам, чувствувам, слушам ПАЛАНКАТА во Битола.

Во онаа најизворна смисла (Константинвиќ би бил „среќен”) како го репресира градот. Измислува приказни, заврзлами, позадината е лична, резултатот (често е политичка) трагедија.

Животни судбини си ебаа мајката, секојдневно ги снемува во паланката, гла не мот да кренат.

И во исто време, како никогаш досега деновиве гледам, чувствувам и слушам како на прст шо се бројат малце градски луѓе што останаа и што некогаш го правеа градот значаен се борат , не се даваат, пиздат и не се даваат.

Разочарани, ама не се даваат.

Ги чувствувам погледите на истомислениците(знајни и незнајни), не им е сеедно кој, колку и како ќе го погледнат в очи. 

Вечерва, на улица ме застана еден возрасен човек, и ми вели „продолжете го она за шо се бореја дедо ти и татко, такви луѓе ко нив му даваја смисла на градо, го праеја град”. Во моментот ми прелетаа низ гла минимум стотина (шо живи шо не) луѓе шо го праеја градо град!

За мене битката за градот од секогаш била ИНСТИНКТ, ДАДЕНОСТ, иако кога ќе размислам посериозно, таа е наследство кое во виорот на режимот е можеби единствената алатка која ја имам во борбата за преживување, единственот механизам кој ме оддржува жив.

Како никогаш досега не била појасна, опасна и неизвесна битката на ПАЛАНКАТА и ГРАДОТ.
Ќе видиме кој ќе победи.

(Паланката на кратки стази е доста поспремна)!

Филип Јовановски

Check Also

katica

Мирјана Најчевска: Катица била паметна – Катица била глупа

Катица била паметна – Катица била глупа. Катица имала Академија – Катица немала Академија. Катица …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *