zaev

Заев: Македонија победува, да не се дрзнат да чепнат по СЈО

zaev

По постигнување на согласност за оддржување избори на 11 декември, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика „сите граѓани на масовна мобилизација“, „сите граѓани за победа на Македонија“: „На 11-ти декември нема да ја одлучуваме судбината само на нашите генерации, туку на многу следни генерации. Овие избори се референдум! Граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава на Груевски и фамилијата или во богата и правна држава на сите граѓани“.

Во одговор на новинарско прашање „Има ли шанси нешто да ги одложи изборите закажани за 11 декември?“, Заев порача „да не се дрзнат да чепнат по Специјалното јавно обвинителство“: „СЈО е искра на правда, на враќање на надежта за правда во Република Македонија. СЈО е нешто коешто има најголема поддршка во Република Македонија и верувам далеку од рацете на политичарите ќе продолжи да работи – без оној суд, Уставниот суд, којшто сите видовме кој го контролира и нема да се дрзне да чепне по неговата функционалност.“

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *