bozinovski-610x400

Стоп за прогонот на новинари: ЗНМ утре протестира за ослободување на Зоран Божиновски

Zoran-Bozinovski-520x3081

Здружението на новинарите на Македонија утре (први септември) во десет часот ќе организира протест пред Основниот суд Скопје 1 во знак на поддршка за притворениот новинар Зоран Божиновски, обвинет за шпионажа, злосторничко здружување и уцена.

„Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време сакаме да го осудиме прогонот на новинари, кој во Македонија се заканува да стане пракса“, стои во соопштението на ЗНМ.

За ЗНМ нема дилема дека Божиновски стана предмет на кривичен прогон поради неговата работа како новинар и поради неговите објавени злоупотреби за власта: „Тој е обвинет за тешки кривични дела затоа што власта преку злоупотреба на законите и институциите сака да ги затскрие вистинските намери, да замолчи еден новинар, да ги дисциплинира и заплашува останатите и да спречи јавноста да ја дознае вистината за начинот на нивното владеење“.

Според ЗНМ, „со ваквите судски процеси власта се обидува да ги дискредитира и девалвира сите новинари и сака да го наруши кредибилитетот на новинарската професија“.

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *