pavle

Павле Богоевски: Имаме режим за буткање, криминалци за ставање во затвор и држава за градење!

pavle

Драги соборци и соборки,

Не сакав да коментирам на шпекулациите но работава е премногу голема, а темата премногу значајна за да премолчам. Досега, ниту една партија ми нема ветено место на која било пратеничка листа или каква било функција во Владата по изборите.

Во моментот кога излеговме на улица и решивме да се бориме за слобода и демократија, ние преземавме одговорност. Одговорност дека нема да престанеме да дејствуваме се додека оваа криминална власт не замине во историјата, криминалците во затвор, а државата не застане на свои нозе независна од центрите на моќ инсталирани од ДПМНЕ и ДУИ.

Ако сакаме тоа да биде изведено правилно, да има реални резултати и да постави темел за демократска иднина на нашето општество, ова не смее да биде ниту брз, ниту површен процес. Секој од нас кој би презел/а на себе да учествува во демократизацијата на оваа држава, ќе преземе и огромен товар. Граѓанскиот сектор во оваа мрачна декада покажа дека е целосно способен да се носи со тој товар и да биде конструктивна страна во демократскиот дијалог. Лесно е да седиме на страна и да чекаме политичките партии да го завршат најтешкиот дел од работата. Навистина тешкиот дел доаѓа ако сме подготвени да се изложиме на истата одговорност и критики кои со години ги насочуваме кон партиските субјекти.

Вистина е дека улогата на граѓанскиот сектор е да биде коректив на власта. Но, на нашето општество му треба системска корекција. Во последните десет години, режимот на Груевски и Ахмети ја киднапираше секоја пора од општеството, секое парче од системот. Во тие услови, институциите едноставно немаат капацитет да се реформираат сами, премногу долго функционираат по инерцијата на партиското едноумие наметнато од диктаторот.

Без разлика што и да се случи, јас ќе продолжам да се држам до вредностите и принципите со кои ја започнавме оваа битка. Ќе продолжам да соработувам и да им помагам како знам и умеам на сите субјекти, партиски и непартиски, кои ја поддржаа Шарената Револуција и граѓанските движења од кои таа резултираше. Бидејќи поинаку, нема да успееме. Да не заборавиме дека имаме уште многу работа – имаме режим за буткање, криминалци за ставање во затвор и држава за градење.

Само заедно можеме да ја постигнеме крајната цел – да направиме држава во која сакаме да живееме, во која ниту еден политичар или центар на моќ нема да може да го повтори тоа што го направи груевски и неговото криминално здружение. Искрено се надевам дека сите кои покажаа огромен интегритет и демократска свест на улица несебично ќе го пренесат тоа и во процесите на градење на европска Македонија.

Павле Богоевски

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

One comment

  1. За да се изгради држава, прво требаат лошите темели врз кои до сега се градело а ги поставиле и криминалците од сдсм, да се тргнат. Не може без да се расчисти со минатото кое им е мотив а и оправдание на денешните криминалци.

    Прво истражни постапки за се’ од 91ва па заедно со денешните во Идризово! Поинаку ќе нема мир и добри темели, а уште помалку Добар домаќин да чува темелите на државноата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *