%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%bc%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b5-%d0%b1%d1%83%d1%93%d0%be%d0%bd%d0%b8

Кумановско средно училиште ќе работи за инклузија на маргинализираните групи

Кумановското средно техничко училиште “Наце Буѓони” започна да работи на проект со кој што ќе врши инклузија на повеќе маргинализирани заедници.  Во главно во овие обуки ќе учестуваат самохрани родители, поранешни корисиници на дроги, невработени и други ранливи категории на граѓани.

%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%bc%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b5-%d0%b1%d1%83%d1%93%d0%be%d0%bd%d0%b8

“Од петок се започнати овие обуки, во кои што учестуваат околу 60 лица на возраст од 18 до 35 години, а се под социјален ризик. Обуките се од машинска и електро-техничка област, односно оние струки кои што се дел од нашето училиште, а обучувачи ќе бидат нашите професори кои поминаа специјални обуки за работа со лица од овие категории.” – вели Лидија Михајловска, директорка на СТУ Наце Буѓони.

Наставата ќе се изведува на македонски и на албански јазик, а ќе бидат вклучени лица од повеќе области на североисточниот регион – како што се Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце и други.

Истовремено за време на обуките ќе им се нуди психолошка и социјална помош на учесниците. А после обуката ќе добијат сертификат со кој што ќе можат да конкурираат на соодветни места за вработување.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *