katica

Мирјана Најчевска: Катица била паметна – Катица била глупа

Катица била паметна – Катица била глупа.
Катица имала Академија – Катица немала Академија.
Катица била царица – Катица била смешна.

Мислам дека ДПМН-овците ги навлекоа граѓаните во стапицата на чаршиските муабети (за кои единствено имаат капацитет), за да ги одвлечат од расправата за работата со која се бави СЈО.
За ликот и карактеристиките на Катица можеше да се разговара на собраниската седница на која таа требаше да биде избрана за Специјален јавен обвинител. Тогаш беше местото и времето да се изнесат мислења за нејзиниот капацитет, знаења, искуство, лични карактеристики, соодветност за позицијата.
На таа седница немаше ваква расправа.

Денес не се расправа за Катето. Се расправа за извештајот на СЈО. Се расправа за тоа дали СЈО ја извршува задачата заради која е формирано, со кои проблеми се соочува и на кој начин да се обезбедат услови за непречена работа. Се расправа за тоа како напредува во работата, кои случаи се формирани и што содржат овие случаи. Тоа е она што треба да ги интересира и за што треба да расправаат пратениците.

Секоја реплика упатена од страна на пратениците, а која се однесува на личните карактеристики и капацитети на Катето мора да биде прекината и отфрлена од страна на претседавачот како несоодветна за расправата која што се води. Претседавачот има должност да ја заштити Катето од навреди и атак врз нејзината личност и во секоја ситуација да ги потсети пратениците дека се наоѓаат во највисокото тело на власта и така и треба да се однесуваат.

Прашањата кои се однесуваат на трошењето на парите од страна на СЈО мораат да бидат ставени во контекст на работењето на СЈО и да се види дали биле потрошени согласно предложениот финансиски план (кој веќе е презентиран и усвоен), односно, дали биле потрошени за ставките предвидени во членот 15 од законот за СЈО. Доколку потрошените срдества не се протрошени за други ставки од оние предвидени во членот 15 и не ја надминуваат сумата која е одобрена, расправата може да се води само за тоа, колку ефикасно е СЈО, односно, колку случаи успеало да формира со одобрените средства.

И со нетрпение ја чекам расправата по извештајот на Марко Зврлевски. За тоа зошто се покренати, а зошто не се одредени обвиненија, зошто се побарани, а зошто не се побарани мерки притвор, зошто се добиени негативни оцени во извештаите на ЕУ, како се трошат парите, како се напредува во ЈО, …

Check Also

pavle

Дали Никола Груевски е готов?

Минатата недела пристигнаа првите два Обвинителни предлози од СЈО. Првото за уништување на документација поврзана …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *