pehcevo

Пехчево – заврши изградбата на таложникот за прочистување на водата

Градежните работи за изградба на таложник до филтер-станицата на градскиот водовод во Пехчево завршија, на ред е поставување на инасталацијата за вода. Градоначалникот Игор Поповски истакна дека изградбата на таложникот треба да го реши проблемот со заматување на водатата во градскиот водовод кое се јавува по секој пообилен дожд.

“Во консултации со стручни служби, цениме дека со таложникот ќе се надмине проблемот. Пехчево се снабдува со вода од река, а не од акумулација и тука се јавува проблемот, кога има поголема количина вода се појавува еден вид ударен бран во филтер-станицата. Водата редовно се контролира во лабораторијата во филтер-станицата и резултатите покажуваат дека таа е бактериолошки исправна за користење”–  рече Поповски

Пехчево троши 30 литри вода во секунда, а водата ја користи градот Пехчево, и околните населби Негрево, Чифлик, Умлена и Робово.

“Ова значи дека  филтер–станицата  е максимално оптоварена, а со таложникот ќе направиме дополнително таложење и прочистување на водата. Во наредниот период мора да размислуваме за трајно да го решаваме проблемот со потребите за вода во насока да се направи дополнителен зафат. Вложивме доста напори да се исчисти водата, неколку пати ја реновиравме филтер-станицата, додававме елементи, така што во тој поглед, филтер-станицата е комплетна”-  истакна Поповски.

Инвестицијата е 1 800 000 денари, средства обебзедени од Министерството за животна средина и буџетот на општината, додека во филтер-станицата досега се инвестирани  20 илјади американски долари, средства од Општината и донаторот УСАИД.

 

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *