arheo

Скандалозно: Забрането снимање на Плаошник без дозвола?

Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид го обвини претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски дека денес снимал прес-конференција без соодветна дозвола на Плаошник.

Опишувајќи го Плаошник како „уште едно место на злосторство врз културното наследство и природната убавина на Охрид“, Алаѓозовски укажува дека сите се згрозени од криминалното градење на Плаошник:

„Екологистите се згрозени од уништувањето на боровата шума која е природна атракција и туристички бисер на Охрид. Туристите се згрозени од забранетиот пристап и уништувањето на преубавиот поглед на Плаошник. Верниците се згрозени од сквернавењето на верските симболи. Архитектите се згрозени од бетонски чудовишта кои трајно го цементираат Плаошник. Археолозите се згрозени од уништувањето и засенувањето на вредните археолошки наоди. Експертите за културно наследство и УНЕСКО се згрозени од неподносливата леснотија со која се уништува постоечко и потенцијално културно наследство.“

Алаѓозовски најави казнување на политичарите кои ја уништуваат убавината и културата на Охрид со грозоморните градби на „Плаошник“: „Наша должност е да ги казниме тие што лажеа дека УНЕСКО било среќно што се гради врз археолошки остатоци. Наша обврска е да ги казниме политичарите кои го омаловажија словенскиот дел од нашата историја, а потоа лажно се претставија ако обновувачи на Светиклиментовиот универзитет со изградба на бетонските чудовишта на Плаошник.“

СДСМ најавува дека по 11 декември 2016 ќе ги стопира сите криминални градежни активности на Плаошник: „…ќе ја обновиме уништената шума, ќе го зачуваме културното наследство, а Охрид ќе го вратиме на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост“.

Во реакцијата на „Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“ се укажува дека Плаошник „има посебно културно, историско, духовно и религиозно значење за градот, за Република Македонија и пошироко“.

arheo
Бетонско чудовиште над археолошките ископини на Плаошник

Оттаму укажуваат дека „на Плаошник не е ништо забетонирано“, туку дека „сите остатоци од постари градби се конзервирани и презентирани во просторот од возобновените градби“. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид му порачува на Алаѓозовски „наместо да држи пресови и да шири невистини подобро ќе беше да прошеташе низ градбите и ќе имаше можност да ги погледа сите остатоци од постарите градби на кој начин се конзервирани и презентирани во просторот“.

Од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид ем го поканија Алаѓозовски да прошета низ градбите, ем го укорија што снимал без дозвола.

По ваквата реакција, јавноста се прашува: Дали е потребна дозвола за снимање на Плаошник, или сите туристи што снимаат на Плаошник го кршат законот? Ако е потребна дозвола за снимање на објекти што се прогласени за културно наследство, дали е потребна дозвола и за снимање на „Триумфалната Капија“ („Порта Македонија“) во центарот на Скопје и на зградата на Министерството за култура, кои исто така беа прогласени за културно наследство?

grabez

Се претвора ли Македонија во „зона за забрането снимање“ на криминалните инвестиции во културата, кои за време на „Шарената револуција“ беа означени со графитот „Грабеж“?

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *