sermenin

ПАТОТ НЕГОРЦИ – СЕРМЕНИН СЕ АСФАЛТИРА САМО ПРЕД ИЗБОРИ

sermenin

За два мандата од 8 години градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов успеа да асфалтира 4,5 километри од патот Негорци Серменин. Иако најавуван како изборна инвестиција за подобрување на комуникацијата со ова планинско село на Кожуф првата реализација беше остварена во 2012 година која беше предизборна подготовка за следните локални избори 2013. Ветениот пат долг 14.5 километри доби реализација на само 31 % од трасата.

После четири „преспани“ години мандат, Општината најавува асфалтирање на нови 2 километри од патот кон Серменин. Средствата во вредност од 11,18 милиони денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

До целоста реализација на асфалтната постилка на патот кој е целосно руиниран, фалат уште 8 километри. Ако за два мандата Франгов реализира 6,5 километри од патот кон Серменин, за асфалтирање на остатокот од патот ќе му требаат 9,8 години, или уште два и пол мандата.

„За вакво инвестиционо влечкање, километар по километар, не заслужува кандидатура за градоначалник, а не пак реизбор“ – коментира јавноста во Гевгелија.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *