freedom

КАРАВАНОТ НА СЛОБОДАТА НИЗ СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ, ВО САБОТА КОНЦЕРТ

Караванот на слободата пристигна во Скопје.
За таа цел ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува своите членови, поддржувачи и граѓански  активисти да бидат дел од Караванот на слободата.
Овие три дена се организираат активности со кои ќе се претставува програмата на Караванот на слободата во Скопје. Преку мегафони, музика и информативни материјали, активистите ги информираат скопјани за големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се одржи во сабота, на Сквер Јадран, со почеток во 20:00 часот.
Една екипа, со возило на Караванот на слободата возеше низ општините Карпош, Аеродром и Чаир, каде што преку мегафон ги информираа граѓаните и со избор на музика, ги повикуваа на големиот настан што ќе се одржи во сабота на Сквер Јадран.
Друга екипа на ЦИВИЛ низ центарот на Скопје делеше информативен материјал и организираше видео и фото – петиција за поддршка на Караванот.
Караванот на слободата досега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип.
Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект. Помеѓу музичките настапи, публиката ќе може да ужива во поетските перформанси на Елена Пренџова, Дарко Лешоски, Дијана Тахири, Рина Јанкуловска.

За време на целиот настан ќе се одржува уметничка работилница на отворено со Мирослав Стојановиќ – Шуки, Касиопеја Наумовска и Тома Димовски, како и многу други мултимедијални содржини.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *