boneva

Есапот на Бонева

За шест месеци Силвана Бонева за патни трошоци наплатила од ДИК 12000 евра.
Според курсната листа на „Народна банка“ на РМ еврото е со цена 61,5 денари.
Со тоа излегува дека Бонева за шест месеци наплатила 738000 денари за патни трошоци.

Цените на патарините кога би тргнала од Струмица кон Скопје и обратно Силвана ја коштаат 360 денари на ден (60-Градско, 80-Велес, 40-Петровец X 2 – во две насоки). По претпоставка дека секој ден овие 6 месеци (180 дена) патувала на седници на ДИК, ќе излезе дека за патарини потрошила 64.800 денари.

Значи од вкупната наплатена сума на Бонева без патарините и остануваат 673.200 денари.
Цената на дизел горивото кај нас е 48 денари по литар. Ако претпоставиме дека Бонева се вози на релација Скопје – Струмица со погонско гориво дизел, тогаш излегува дека потрошила 14.025 литри гориво за шест месеци. По претпоставка дека Бонева секој ден, и сабота и недела патувала до Скопје на седници на ДИК, шест месеци, односно 180 дена, излегува дека Бонева на ден трошела по 77,91 литри гориво, односно 3740 денари. Заедно со патарините, излегува дека Бонева трошела по 4100 денари на ден.

Патот Струмица-Скопје е со должина од 167км, а во двете насоки 334км.

Автомобилите во просек трошат од 5,5 литри до 7 литри гориво на 100 км на отворен пат, но еве да заокружиме дека автомобилот на Бонева троши по 10 литри на 100км отворен пат. За 334 км Бонева „нереално“ ќе истроши 33,4 литри гориво односно 1603 денари за двата правци, а наплатила 77,91 литри гориво.

Со оваа математика излегува дека на Бонева на ден во резервоар и остануваат 44,51 литари гориво, односно комотно може уште еднаш да сврти кругче до Скопје, да си ги посети становите и синовите, да се врати до Струмица и да се врти локал низ Струмица.

За оваа пљачка на народните пари мора да се одговара. Не само Бонева, туку сите кои се дрзнале да вадат од ќесето на граѓаните.

 

Александар Дојранлиев

Check Also

pavle

Дали Никола Груевски е готов?

Минатата недела пристигнаа првите два Обвинителни предлози од СЈО. Првото за уништување на документација поврзана …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *