%d0%ba%d0%ba

Кавадарчани сѐ посиромашни, функционерите од власта сѐ побогати

„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат“ изјави на прес конференција претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев.

“Додека лозарите се соочуваат со убедливо најтешката и најкатастрофалната година со откупот на грозје, претседателката на советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова, во својот анкетен лист пријавила три стана во Скопје и два стана во Кавадарци во вредност од 536.000 евра.”

Становите во Скопје се омилен начин на трупење на богатството на поединци од ВМРО-ДПМНЕ.

“Според моменталната евиденција на катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два во Кавадрци. Прашањето е зошто Пеливанова не ја пријавила промената на имотната состојба при продажбата на станот во Скопје чија вредност се проценува на околу 250.000 евра? Каде се завршени тие пари?”

Државната комисија за спречување корупција има законска обврска да ја провери имотната состојба на Пеливанова и да ако е потребно да превземе соодветни законски мерки.

Пеливанова преку партиски прес на ДПМНЕ одговори на обвинувањата од страна на опозицијата.

“Околу лагите искажани за мене и мојот имот, сакам да им објаснам на јавноста во Кавадарци дека имотот е уредно пријавен во Антикорупциска комисија, а за станот кој господата од СДСМ велат дека е „спорен“ (беше пријавен во Антикорупциска, а го нема во катастар) тоа е затоа што сеуште се исплаќа, а од фирмата од кој е купен сеуште не е префрлен на мое име.”

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *