nr

НАПРЕД РОЗОВО ПО ОСМИ ПАТ

Светскиот регистар „Глобокан“ укажува дека Македонија е трета земја по смртност од рак во Европа. Затоа денес со почеток во 11 часот на школка започна Розовата прошетка во организација на здружението за борба против ракот “БОРКА ” и амбасадата на САД во Македонија.

Од здружението за борба против ракот “БОРКА” велат :
“Населението во Македонија има негативен став и страв од ракот како заболување. Ние сакаме да го искорениме тој страв, да ги едуцираме граѓаните и да ја подигнеме нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да ги охрабриме да се борат за да го победат ракот.
По осми пат, заедно да чекориме. За оние кои ја водат оваа неизвесна битка. За оние чиј живот е пред огромен предизвик. И во чест на оние кои ги загубивме.”

nr2,,Среќна сум што денеска гледам дека дојдоа толку многу луѓе за оваа важна цел. Ракот на дојка е една од водечките причини за смртност меѓу жените во САД и во Македонија. Настани како денешната прошетка се одлична можност за споделување информации, како што се важноста на самопрегледите и на раното откривање, што може да им помогне на луѓето да живеат подолг и поздрав живот”  – изјави Михаела Швајцер-Блум заменик амбасадор на САД.

Check Also

Хуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица

Утре, со почеток од 20 часот, во Концепт 37 се организира хуманитарна акција која има …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *