ajvar1

Изречена казна од 50 евра за изгорен отчет на ДПМНЕ(мајтап)

На баба и дедо од струмичкото село Ајварево, им беше изречена казна во висина од 50 евра за изгорени 20 примероци од отчетот на ВМРО ДПМНЕ, додека печеле пиперки за ајвар.

“Дојде тој инспекторо и ни пиша казна. Не му ја плаќам, шо сака нека праве, нека крши глава”. – револтирано ни изјави дедо Трајко.

А што да правеме со книгите?! Тија децата од това умс или како го викат, 8 пати ни дојдоа со тие книгите на врата. На ви бабо, на ви бабо! Секој пат по два три ни дават! Ем шо да им правам бе деца?! Па гори си ги бе бабо! И сега, дојде тој полицаецо и ни пиша казна. Па и пиперките ни загореа дур се карафме со него, господ да го изгоре” – низ солзи ни раскажа баба Нада.ajvar1

Од викендов казните за правење ајвар на отворено станаа се почести. До нашата редакција стигнуваат многу писма од загрижени граѓани. Случајот со отчетот е прв од ваква природа.

Check Also

mijalkov1

Реакција на „Бате Саше“: „Не плаќам такса, ја собирам такса“ (мајтап)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *