spas

(видео) Оливер Спасовски жестоко распали по „пастирот“ и „малиот диктатор“ Груевски

На вчерашниот конгрес на СДСМ, секретарот на партијата Оливер Спасовски упати жестоки критики кон Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ:

„Промените што ги бараат граѓаните на Македонија не може да ги испорача влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Зошто? Па, Никола Груевски е име и презиме што означува гушење на слободата и демократијата. „Пастирот“ е синоним на 24 декември и „Црниот понеделник“, за силеџиство кон новинарите и народните пратеници. „Пастирот“ е синоним за неодговорна власт која доцни цел век.

„Малиот диктатор“, како што го нарекуваат западните медиуми, е синоним за „тефтер-судии“ и послушни и невидливи обвинители. „Малиот диктатор“ е синоним за гушење на медиумските слободи, за затворање на критичките новинари и медиуми. Груевски и неговиот братучед значат масовно и нелегално прислушување, монтирани процеси и политички затвореници. Груевски е неправда и најголем грабеж во историјата на Македонија познат како „Скопје 2014“.

Со право граѓаните бараат демократски промени.“

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *