rada

Шекеринска: Ниту еден наставник во нашата држава да нема плата пониска од просечната

„Не е возможно да имате да имате добро и квалитетно образование доколку немате мотивирани, добронаградени и ценети наставници“, изјави денес Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Шекеринска укажа дека новата влада на СДСМ ќе ги покачи платите на целиот наставени кадар: „Во првите две години ќе обезбедиме почетничката плата на наставник да изнесува најмалку колку просечната плата во Република Македонија. Ниту еден наставник во нашата држава да нема плата пониска од просечната.“

Шекеринска изјави дека наставниците ќе бидат ослободени од сите непотребни административни обврски кои го одземале нивното време: „Ќе го укинеме екстерното тестирање и ќе ги ослободиме наставниците од стравот од казни. Само на таков начин, со мотивирани наставници, со ценети наставници, со наставници кои се посветени на децата и на нивното знаење ќе добиме образование добро за 21 век.“

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *