%d0%ba1

Нацистички симболи во центарот на Кавадарци

Кукасти крстови исцртани со боја сред градскиот зелен пазар кој се наоѓа во центарот на Кавадарци. Веќе подолго време оваа глетка боди очи на секојдневните минувачи, купувачи и пазарџии.

Не знам точно но најмалку година време над оваа чечма се испишуваат нацистички симболи. Не знам кој би можел да го прави тоа но пораката е невкусна. Еве мојата тезга е во непосредна близина, кукастиот крст е веднаш зад мене. Некој ќе нацрта кукаст крст, после некое време некој ќе го обои, па повторно некој ќе нацрта…И постојано е така. На истото место, над истата чешма. – вели сопственик на тезга која се наоѓа во непосредна близина.

Ова е едно од неколкуте места во општина Кавадарци кои се изложени на графити со невкусна содржина. Можеби и единствена локација каде се испишуваат нацистичко-фашистички симболи.

%d0%ba2

Токму овој знак можам да кажам дека најмалку 5-6 месеци стои овдека. Сум го приметил. А го приметиле и многумина други, верувам дека и некој од надлежните локални органи. Градскиот пазар е поприлично прометна локација. Секојдневни минувачи, купувачи, и кога не  е пазарен ден овде има сообраќаен промет. Посетители, туристи, роднини и пријатели од други градови поминуваат овде. Секако дека глетката  е непријатна. Би требало надлежните да го санираат зидот, а паралелно и да ја подотераат малку и чешмата. Таа кога работи кога не работи. со свое видување еден од редовните потрошувачи.

Реконструкција со целосно покривање на градскиот зелен пазар во Кавадарци беше ветување на актуелниот градоначалник Александар Панов уште во неговата прва предизборна градоначалничка кампања во далечната 2009 година. И на секои наредни парламентарни и локални избори овој проект беше дел од ветувањата на владејачката партија. За жал неговата реализација никогаш не се оствари.

Старите изгниени тезги, раскопаните патеки, смрдеата од градската канализација, комплетното блокирање на целиот градски сообраќај попради немањето на паркинг места го прави градскиот зелен пазар во Кавадарци можеби еден од оние кои се со најкатастрофална инфраструктурна состојба на територијата на Република Македонија.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *