oriz2

Протест на оризопроизводителите од Кочанскиот регион

Здружението на оризопроизводителите ,,Бело злато,, од општините Чешиново – Облешево  и  Кочани, го искажаа својот револт за рекордно ниската цена на откуп на кило ориз.

oriz1

На магистралниот пат Кочани – Штип  во герила акција на транспаренти можеа да се забележат сите проблеми кои ги мачат овие луѓе околу откупот и несериозноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансвто, кое им ветило 50 денари за кило ориз, а за време на откупот цената ја намалило за половина, на 25 денари.

При секоја посета на министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство  во овој крај била потврдувана цената од 50 денари и ветувањето дека овие земјоделци нема да бидат заборавени и манипулирани и ќе добијат солидна и заштитна цена за својот производ од државата.

После намалувањето на цената министерот и заменик министерот Цветков и Костадиновски според оризопроизводителите повеќе  не се пожелни во нивните општини за време на ,,Денови на оризот,, и покрај договорената средба за во Понеделник.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *