КРИК во Скопје, КРИК и за економското насилство

unnamed
Во Скопје,од 18 ти ноември до 3 декември,се одржува првото издание на фестивалот КРИК(Критика, Ризик, Идеја, Конфронтација).Фестивал за критичка култура е соработничка платформа помеѓу  “Контрапункт”  и “Есперанца” . Главниот фокус претставува критичката култура а основната цел претставува промовирањето на  уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки за еманципација и демократизација.

КРИК преку своите програми  поттикнува критичка рефлексија, КРИК ги користи критичките алатки и методологии на уметност и култура со цел да укаже на одговорноста на културните работници, уметниците како и пошироката заедница во однос на општестевните и политичките развојни процеси и промени.
Преку своите програми ќе се истражува како преку современата уметност и култура може да ги (де)конструира националистичките митови, справувајќи се со трауматичните точки на општеството.
Македонија станува се поизолирана и ретроградна на социо-културен, образовен, медиумски и институционален план. Особено загрижувачка е состојбата поврзана со пошироките социо-културни динамики, и практиките на критичко мислење, критичка теорија, и негување полемички и дијалошки концепт во читањето на општествените, а особено на културните пројави.
Нужно e формирањето на јадро кое критички ќе ги преиспитува можностите и границите за формирање на оние формати на комуникациски алатки и вредности кои ќе бидат база за понатамошни дискурзивни, но и оперативни, активистички и политички артикулации на и во јавната сфера.

КРИК од 18ти -20ти ноември во Кинотеката на Македонија имаше проекција на филмски фестивал на човекови права, потоа од  22ри -26ти ноември во Чифте амам се прикажуваат “Архиви на насилството” , “Изложба Од Дијаспора до различности” ,
“Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности , Поетики на радикалното издаваштво” , “Критичкото пишување во уметноста и културата- градење на критичко социо- културно размислување во јавната сфера” .

На 26ти ноември, Бранимир Јовановиќ одржува предавање на тема “Економско насилство – несвесни за него, иако секојдневно со него”. Со насилството се соочуваме кога гледаме бездомници одејќи на работа. Кога гледаме мали деца што просат, наместо да одат во училиште. Го доживуваме кога некој наш близок умира бидејќи нема пари за на лекар. Го искусуваме кога сме ограбени од некој што живее во сиромаштија и станува криминалец за да преживее. Го гледаме кога родителите на нашиот пријател умираат во поплавата затоа што немаме пари за канали, но имаме за споменици. Го гледаме кај шивачките кои се принудени да работат дење и ноќе, во нечовечки услови, за 150 евра месечно, во фабрики на сопственици  што возат автомобили од 100 000 евра. 12472348_1694177690821118_2609393909444078804_n

Гости на фестивалот се над 40 најеминентини интелектуалци, писатели и уметници од земјата и од регионот, меѓу кои: Светлана Слапшак, Рената Салецл, Бранислав Димитријевиќ, Томислав Медак, Марцел Марс, Јелисавета Благојевиќ, Соња Шонеберг, Мишел Теран, Зилке Витиг, Моника Мокре, Драгослав Дедовиќ, Ивајло Дичев, Александра Лазар, Марко Стаменковиќ, Ариан Лека, Катерина Колозова, Бранимир Јовановиќ, Петар Гошев, Елизабета Шелева, Артан Садику, Никола Гелевски, Ана Вујановиќ, Петар Милат, Роберт Алаѓозовски, Славчо Димитров, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Лидија Димковска и други.

Check Also

nr

НАПРЕД РОЗОВО ПО ОСМИ ПАТ

Светскиот регистар „Глобокан“ укажува дека Македонија е трета земја по смртност од рак во Европа. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *