bu

Споменик буре поставен во Кавадарци, лозарите со наведната глава!

Општина Кавадарци, нејзините граѓани а најмногу лозарите од овој крај добија нов “шамар” по образ од страна на градоначалникот  Александар Панов. Нов споменик, големо буре-каца е поставено на влезот од градот од кај Росоман, односно кај новиот кружен тек. Функционалноста на овој споменик е наменета за пречек на гостите.

Од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа Кавадарци информираат дека оваа активност е дел од подготовките за празникот  Свети Трифун, дека бочвата е донација од винарската визба „Тиквеш“ а е со капацитет од 9 илјади литри и претставува симбол на Кавадарци.

Празникот Свети Трифун и оваа година ќе се одбележи во општина Кавадарци. Се очекува присуство од градоначалници, министри, политичари, винарии…Ќе бидат присутни сите, освен лозарите.

Да споделиме со јавноста дека минатата година беше најкатастрофална за лозарите од Кавадарци кога станува збор за производството и откупот на грозје. Некои од винариите и по три години имаат неисплатено грозје спрема лозарите, цената за производство на килограм грозје е огромна, проблеми со откупната цена, постојано проблеми со откупот, лозарите оставија голем род на лозите, винаријата Повадрарие која минатата година го откупи најголемиот процент од винското грозје најави стечајнапостапка а градоначалникот Панов постојано ја убедува јавноста за неговиот “огромен ангажман” кога станува збор за помош и пресрет на лозарите.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *