Парното греење во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино функционира непречено

Директорката на неготинската гимназија Оливера Николова-Ташева ја информира пошироката јавност дека второто полугодие во средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј” од Неготино започна без проблеми со функционирање на парно греењето. Таа ги демантира информациите кои беа споделени по социјалните мрежи дека парното греење во неготинската гимназија не беше во функција кога беа бележани екстремно ниски температури.

Од училиштето велат дека на почетокот од второто полугодие и покрај екстремно ниските температури кои се спуштија и под -17 целзиусови степени, училиштето немаше дефект на парно системот и согласно капацитетот на котлите  се затоплуваше.

Сите поединци и политички партии кои го злоупотребуваат училиштето во партиски цели треба веднаш да престанат со тоа, бидејќи согласно Законот за средно образование член 7, забрането е и казниво секакво политичко организирање и дејствување.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *