ui3

Презентација на идеи за приближување на јазот помеѓу деловната заедница и универзитетите

Деловната заедница да види што се предава на Универзитетот на Југоисточна Европа, а универзитетот да дознае кои се потребите на пазарот на трудот. Со оваа цел на Штуловиот универзитет денес се одржа меѓународна конференција на тема “Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“, организирана од факлултетот за бизнис и економија од УЈИЕ.

“Денес универзитетите, бизнисот и нивната интеракција се двигатели на иновации. Иновацијата треба да биде во сржта на економијата и општеството, и чест ми е денес да бидеме домаќини на професионалци и професори кои кај нас ќе ги донесат резулататите од истражувања, кои би требале да ни помогнат да градиме модели за соработката меѓу универзитетите и бизнисите””– рече Замир Дика, ректор на УЈИЕ

ui1

Презенатацијата всушност се однесува на пополнување на јазот и поврзување на деловната заедница со академското истражување. Целта е да се поврзе стопанството со тие што се директно вклучени во практиката од академскиот дел, професорите и студентите за да можат да имаат подобри релации и соработка во иднина.

“Многу луѓе го критикуваат истражувањето во стопанството и во деловнаta заедница како нерелевантно за жал. Значи како може да биде тоа ирелевантно, истражувањето за стопанството, индустријата и деловната заедница кога ние подготвуваме дипломци кои треба да бидат вклучени во пазарот на трудот во стопанството. Значи мора да се согледа заедничката врска, кои се потребите што ги има деловната заедница, и да видат тие што ние предаваме тука на факултетот, за да се совпаднат потребите и тоа ние што го нудиме. Со ова се надеваме дека ќе постигнеме понатамошни резултати, со тоа што директно ќе биде вклучена деловната заедница во подготвувањето на колоквиумите и она што е потебно за пазарот на трудот” –  Проф.д-р Сергиус Коку

ui2

На конференцијата беа презентирани и истаржувачки трудови, се со цел од неа да произлезе добар придонес во општеството.

 

Check Also

Анализа на водата во Гостивар и гостиварско

Минатата година во гостварските села водата била бактериолошки загадена а во градот често заматена. Нередовното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *