ro

Градоначалникот на Росоман се обидува да протне нејасна програма во советот

Неуспешен обид за протнување на програмата за изградба на локални патишта и улици во Росоман од страна на градоначалникот Стојанче Лазов, реагира советничката група на СДСМ од општина Росоман.

Своевремено била изгласана одлука за ревизија на 1.100.000 денари за реконструкција, проширување и тампонирање на локалниот пат Манастирец-Трстеник. Оваа одлука ја подржале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, но ревизија никогаш не се случило. Сега истите советници од ДПМНЕ, заедно со градоначалникот Лазов се обидуваат да ги прекршат деловничките одредби и да ја протнат оваа конфузна и нејасна програма.

Состојбата на улиците во општина Росоман е спротивна од она што ни ја доловува Лазов и ДПМНЕ. Зимското одржување на локалните патишта беше во ужасна состојба, дел од улиците се сеуште тампонирани подолго време додека непосредно после асфалтирањето на најновата улица во Росоман се појавени пукнатини, се вели во реакцијата.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *