„Вработување за секој“ во организација на Finance Think

16904807_750454735130452_7835067989482614516_o
На 2 март, во четврток со почеток од 12 часот институтот за економско истражување и политики FINANCE THINK организира тркалезна маса во хотел Порта Скопје. Тркалезната маса е со работен наслов „Вработување за секој“ на која ќе се дискутира за проблемите и можностите за вработување на социјално ранливите лица и младите, и предлог нови мерки за полесна интергација на пазарот на труд. За време на настанот ќе бидат изложени уметничките дела пристигнати на Конкурсот „Волонтери за социјално вклучување“ и ќе бидат прогласени најдобрите поднесоци.

Свое обраќање ќе имаат Благица Петрески и Деспина Туманоска од Finance Think, Климентина Илијевски – „Асоцијација за истражување, комуникација и развој ПАБЛИК“, Никица Мојсоска Блажевски – Универзитет Американ Колеџ Скопје, претставник на Министерство за труд и социјална политика и Никица Кусиникова – „КОНЕКТ“. Во рамки на дискусијата ќе се промовира и ТВ Спот „Секој може и има право да биде вработен“.

Настанот е од отворен карактер, може да присуствува секој кој е заинтересиран.

Настанот е во рамки на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на трудот финансиран од Европска Унија, кој го спроведуваат FINANCE THINK и Центарот за детска и семејна заштита КМОП, Атина.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *