„Биди фер. За детство без пречки“

17021533_1468208473224482_5149142506694121730_n

На 2 март во Музејот на современа уметност во Скопје, УНИЦЕФ, Европската унија и партнерите ја претставија кампањата „Биди фер. За детство без пречки“. Кампањата е изготвена за да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост. Таа се спроведува како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и во Турција“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за социјалниот модел на попреченост дефиниран во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Сакаме да ја подигнеме свеста дека поради пречките во средината, општеството и ставовите, децата со попреченост не можат да учествуваат во општеството на рамноправна основа со другите деца.

Кампањата е во насока на поттикнување на јавноста да се идентификува со бариерите на кои секојдневно наидуваат децата со попреченост. Таа опфаќа:

  • Видео-снимка со скриена камера во која се доловува како луѓето реагираат кога ги услужува аптекарски помошник што има Даунов синдром – посочувајќи дека Даунововиот синдром не ги спречува младите да го остварат својот потенцијал – но, ставовите и однесувањето на луѓето може да бидат или охрабрувачки, или да претставуваат пречка.
  • Неколку видеа во кои се истражуваат предизвиците на движење низ градот кога се користи количка, истакнувајќи како физичките бариери може да го спречат детето да учествува.
  • Трет експеримент, каде на деца со и без попреченост им се дава можност да ја покажат способноста за играње „голбол“ – параолимписка дисциплина која ја играат спортисти со оштетен вид – покажувајќи како адаптираните средини го олеснуваат учеството.

Како дел од кампањата, изработена е и нова апликација за мобилни телефони, „Без пречки“, со цел да се информира и да се вклучи јавноста во мапирање на примерите за пристапност во земјата. Таа е достапна за корисниците на Ајфон или Aндроид и дава осврт на пристапни згради, пешачки патеки и премини, пристапен јавен транспорт, паркинг, детски игралишта и тоалети, пристапност и еднаков третман за лицата со оштетен слух.

Освен прикажувањето на видеата во националните медиуми, вклучувањето на социјалните медиуми и онлајн-часовите по знаковен јазик, насловната страница на денешниот број на дневниот весник „Вест“ беше испечатена со Брајово писмо, а на сличен начин ова прашање ќе биде нагласено и во вестите на одредени телевизии.

На крајот, како дел од кампањата, личности со попреченост ќе одржат серија работилници на различни теми. 

 

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *