Дислексија – пристап, форми и методи

16711987_1244342755621374_3447154258948260203_n
Здружението за дислексија Ајнштајн организира семинар “Дислексија – пристап, форми и методи”. Семинарот ќе се одржи на ден 11.03.2017 година со почеток во 9 часот, тој е наменет за сите родители, наставници, дефектолози, логопеди, педагози, психолози и за сите заинтересирани граѓани.

Свое учество на настанот ќе земат Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска- Институт за психологија при УКИМ
(Емоционален развој на децата со дислексија, Поддршка од родителите и наставниците на децата со дислексија), Славица Тасевска Николовска-стручно лице за дислексија (Споделување искуство како родител на дете со дислексија, Презентација на RON DAVIS метод за корекција на дислексијата), Силвана Филипова – логопед (Детекција и третман на дислексијата според BRAIN GYM и BIOFEEDBACK методи), Дамјан Николовски – Претседател на Здружението АЈНШТАЈН (Историјата на дислексијата , дислексијата како појава и нејзино препознавање) .

Ајнштајн е Здружение на граѓани чија што цел е подигнување на јавната свест за дислексијата кај образовните институции, родителите , релевантните институции како и кај пошироката јавност. Ајнштајн ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и поддршка за сите оние кои се засегнати од оваа проблематика.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *