kv1

Демолирање на автомобили во Кавадарци

Изминатите неколку денови на територијата на општина Кавадарци се случија немили настани во кои беа демолирани автомобили во ноќните часови на неколку локации од градот.

Возило „Дачиа Логан“ е опожарено во ноќните часови на ул. „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, од засега неутврдени причини.

Опожареното возило е сопственост на кавадарчанец вработен во Министерството за внатрешни работи. Пожарот е локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кавадарци.
Непосредно истиот период се демолирани уште две возила во Кавадарци на улиците “Браќа Досеви” и “Бабуна”.

kv4 kv3 kv2

Полицијата трага по сторителите.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *