Презентација: Квартален извештај од следењето на работата на ДЗР

17022441_1632275883454361_4401823452455315386_n

На 07 март 2017 со почеток во 10:00 часот во Хотел Холидеј ин во Скопје, ќе се одржи промоција на проектот: “Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, како и на презентацијата на првиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој што е подготвен како дел од овој проект.

Покрај промоцијата на настанот ќе се зборува за улогата која што ја има Државнот завод за ревизија во системот на надзор над јавните финансии, значењето на независните регулаторни тела во едно демократско општество, но и за тоа како преку соработка на овие тела, пратениците во Собранието, медиумите и граѓанското општество може да се постигне поголема финансиска отчетност и транспарентност во Република Македонија.

Проектот: “Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“ е имплементиран од Westminster Foundation for Democracy (WFD), Center for Economic Analyses – CEA и Институт за комуникациски студии (ИКС), со поддшка од Британската амбасада во Скопје.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *