Тркалезна маса – Унапредување и заштита од дискриминација

Преку видео спот беа прикажани три типови на дискриминација на ова тркалезна маса. Спотот е изработен во рамки на кампањата: “Ако е вообичаено не значи дека е праведно, три пати мери еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај.” Целта на кампањата како што велат од невладината ХЕРА, е потребата од постојано потсетување на јавноста за препознавање и пријавување на случаите на дискриминација, особено на локално ниво.

tm2

“Ова е проект кој втора година го спроведуваме, првата година работевме на национално ниво, а оваа година решивме повеќе да работиме на локално ниво затоашто на локално ниво постојат институции кои имаат надлежност за заштите од дискриминација како што е Народниот правобранител, министерството за правда за бесплатна правна помош што може да им ја понуди на граѓаните. Така што со цел да им ги доближиме  механизмите за заштита од дискриминација работиме на локално ниво. Проектот го спроведуваме заедно со Народниот правобранител, министерството за правда  и три локални самоуправи општина Штип, Струмица и Куманово , додека за жал не сакаа да соработуваат со нас општините Тетово и Битола” – изјави Драгана Дрндаревска, коориднатор на проектот.

На тркалезна маса која беше организирана вчера, присусвуваше заменик народниот правобранител Ирина Стојановска и Беким Кадриу преставник од комисијата за заштита од дискриминација, кои се дел од овој проект.

tm3

“Комисијата за заштита од дискриминација соработува со невладините, и сите можни проекти кои имаа за цел промоција на концептот за еднаквост. Нашата комисија има многу надлежности, најчесто се поднесуваат претставки за заштита од дискриминација, тоа значи жртвите кои се дискриминирани поднесуваат претставки и ние постапуваме на повик. Не треба да правиме разграничување затоа што секој човек, секој поединец е значаен и било која форма на дискриминација да се пријави ние мораме да постапимо по неа, сепак доминираа дискриминација по етничка припадност, на пол поради бременоста на жената во работните односи, сексуланата ориентација, политичка припадност и слично” – изјави Беким Кадриу комисија за заштита од дискриминација.

Во кампањата вклучена е коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Министерството за правда како и општините Куманово, Штип и Струмица, каде треба да се основааат кооординативни тела за заштита од дискриминација.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *